Здраво тело

Зошто треба да го зголемите внесот на цинк?

Цинкот е суштински минерал неопходен за извршување на бројни физиолошки процеси и метаболички реакции во телото и е неопходен за активност на над 100 ензими.

Цинкот често се нарекува „менаџер на метаболизмот“, бидејќи го поддржува имунитетот, игра улога во синтезата на протеините и е потребен за нормален раст и развој.

Човечкото тело содржи околу 2 грама цинк, што најчесто се наоѓа во мускулите, коските, црниот дроб, бубрезите, кожата и ткивото на простатата.

Неопходно е секоjдневно да се внесе, бидејќи организамот не поседува развиен систем за негово складирање.

Црвеното месо, морската храна, лешниците и целите зрна имаат највисока содржина на цинк.

Најпознатата улога на цинк е во правилното функционирање на имунолошкиот систем.

Бројни студии покажаа дека цинкот може да ја намали сериозноста и времетраењето на симптомите на настинка.

Цинкот го спречува врзувањето и ширењето на вирусот во носната мукозна мембрана и на тој начин го потиснува воспалението.

Покрај зајакнувањето на имунитетот, цинкот често се користи во терапијата за дијареа, а исто така е корисен и за побрзо заздравување на раните.

Придонесува за зачувување на здравјето на простатата и успешно се применува кај луѓе со акни, ADHD, вирусот herpes simplex, како и кај некои видови на анемија.

Кога станува збор за консумирање, предност се дава на цинкот во облик на апчиња за џвакање, бидејќи се смета дека така цинкот е подолго во устата, има подолг контакт со вируси и подобро дејство.

Напиши коментар