Убавина

20 одлични течни пудри и BB креми со заштитен фактор

Ако не сакате да користите еден куп производи на кожата, ова е одличен избор за вас!

Сите едвај чекаат лето и безгрижност, но кога станува збор за летната нега на кожата, тоа не треба да биде време на мир и безгрижност.

Во топлите сончеви денови е потребна посебна нега на кожата, специјална хидратација и заштита.

Сигурно веќе сте научиле да не го напуштате домот без заштита од сонцето, но еднаш штом на кожата ќе нанесете серум, хидратантен крем, заштита од сонце, течна пудра и камена пудра, многу веројатно ќе имате чувство на блага непријатност поради прекумерните слоеви на производи, особено ако имате мрсна или измешана кожа.

За среќа, за тоа се свесни и нашите омилени beauty брендови, затоа, во понудата оваа година се најде голем број на одлични течни пудри и BB креми со заштитен фактор, кој ќе им овозможи на вашата кожа да дише, а истовремено да биде заштитена од надворешните влијанија.

Во галеријата, ви ги носиме топ 20 течните пудри и BB креми со заштитен фактор од моменталната понуда ..

 

Напиши коментар