Motherhood

3 ЧЕКОРИ ЗА УБАВ И УСПЕШЕН ПОЧЕТОК НА ДЕНОТ: Едноставна утринска рутина што ќе ви го промени животот!

Времето откако ќе излезете од кревет треба да биде опуштено и среќно за да се подготвите за предизвиците што ве очекуваат во текот на денот.

Стресот, нервозата и брзањето треба да ги изоставите од вашата утринска рутина од моментот кога ќе одлучите да се разбудите рано, за да успеете да направите сѐ и да го искористите утрото за најдобрите можни работи.

Следните три работи треба да ги прифатите и повторувате секој ден.

Смислете мени

За да не посегнувате по нездравите чоколадца и лошата храна, осмислете го она што ќе го јадете тој ден, а подгответе здрави закуски како јаткасти плодови што ќе ги имате при рака во периодите помеѓу поголемите оброци.

Направете нешто што го сакате

Секое утро, одвојте 20 до 30 минути за хоби што ви претставува задоволство. Што и да е, учење на странски јазик, вежбање или пеење – важно е да го започнете денот со нешто што ве исполнува со позитивна енергија.

Направете распоред за тој ден

Со појадок или кафе, поминете ги сите обврски што треба да ги направите тој ден и внесете ги во планерот работите кои можеби би можеле да ги заборавите. Грубо испланирајте го и остатокот од неделата, што полека ќе го надополнувате и решавате од ден на ден.

Поради овој процес ќе бидете опуштени затоа што ги имате сите одговорности пред вас, без да размислувате што следно треба да направите, а навечер ќе бидете задоволни и исполнети откако ќе видите колку продуктивен бил вашиот ден.

Напиши коментар