Понекогаш се чини дека физички е невозможно да ги завршиме сите обврски што ги имаме за само 24 часа.
Иако постојано се убедуваме дека добрата организација е решение за сите проблеми, нашето тело нема моќ да го изврши нашиот детално испланиран распоред, доколку не внесеме здрави намирници кои изобилуваат со потребната енергија за нашето тело.
Без разлика дали сте уморни или вашата енергија паѓа во текот на денот, ова се намирници што ќе ја вратат енергијата по само неколку минути:
Сок од целер
Иако не звучи многу примамливо, сокот од целер е богат со витамини и минерали кои му се потребни на телото. Освен што ќе ја врати вашата енергија, исто така, ќе помогне да се подобри вашиот имунитет.
Покрај тоа, ве ослободува од токсини, и води до губење на тежината. Половина литар од овој сок, на празен стомак, дава многу добри резултати за вашето тело.
Овесна каша
Освен тоа што лесно и брзо се подготвува, овесната каша е богата со високо хранливи состојки. Овесната каша може да се збогати со свежо овошје, chia и ленено семе, а со тоа и да направите многу квалитетен и здрав оброк.
Можете исто така да додадете во вашата каша црно чоколадо, што е добро за подобрување на концентрацијата, а го подобрува и протокот на крв и го намалува лошиот холестерол.
Ваквите каши ќе ви ја обезбедат потребната енергија, а воедно ќе ве засити и многу ефикасно ќе го забрза вашиот метаболизам.
Пуканки
Крцкавите и превкусни пуканки се едни од најдобрите ужини, бидејќи тие се богати со влакна и брзо нè заситуваат.
Важно е да ги готвите со малку масло и сол за да ги направите поздрави. Тие се одличен избор за оброк, кој не содржи многу калории, а ќе ви обезбеди доволно енергија и ќе ве натера да се чувствувате сити.
Со овие 3 инстант јадења, вашата енергија секогаш ќе биде на завидно ниво и секој ден ќе можете успешно да го комплетирате без никакви проблеми.