← НАЗАД НА БОЗА

3 митa за глутенот на кои не треба да им се верува

3 митa за глутенот на кои не треба да им се верува
88 Читања

Повеќето од нас слушнале за храна без глутен, но колку навистина знаеме за глутенот?

Глутенот е леплива супстанца која се наоѓа во речиси сите житарки, и се верува дека тој е причина за многу здравствени проблеми, особено оние поврзани со дебелината и проблемите со метаболизмот.

Многу нутриционисти ќе ви кажат дека сте ги решиле поголемиот дел од своите проблеми, доколку од исхраната целосно го отстраните глутенот, но исто така постојат и некои популарни заблуди во врска со глутенот, во кои што ние веруваме, а не треба:

Безглутенската исхрана го подобрува варењето

Не постојат веродостојни докази дека варењето ќе ни се подобри, ако од исхраната го исфрлиме глутенот.

Всушност, целосното исфрлање на глутенот од исхраната, вклучува значително намалување на внесот на растителни влакна, што може прилично да го забави нашиот метаболизам и негативно да влијае на варењето на храната.

Глутенот е одговорен за вишокот килограми

Ова е уште еден мит. Глутенот нема никаква врска со вашите килограми. Губењето на тежината зависи од квалитетот и количеството на храна, како и од начинот на живот.

Ако не се обрне внимание на она што и колку јадете, глутенот нема да има директна врска со прекумерна тежина.

Храната без глутен е поздрава

Храната без глутен содржи многу повеќе шеќер, сол, заситени масти и калории отколку регуларните прехранбени продукти, така што со изборот на безглутенската исхрана би можело да дојде до дебелеење, бидејќи во организмот и  без знаење внесувате многу штетни материи.

Можете да го намалите внесувањето на глутен, но освен, ако не се чувствителни на него, немојте целосно да го исфрлите од својата исхрана, бидејќи освен што може да доведе до несакани ефекти, може да доведе до дефицит на енергија, што ќе ве направи уморни и поспани, а тоа секако не го сакате.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk