Здраво тело

3 ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ МЛАД КРОМИД: По оваа информација ќе го јадете во изобилство, а перјата се особено важни!

Пожелно е да се јаде секој ден.

Младиот кромид сега го има во изобилство, а бидејќи е богат со минерали и витамини, слободно грицкајте го кога и да посакате.

Можете, дури и пожелно е, да го јадете секој ден затоа што помага во овие три работи:

ГО ШТИТИ СРЦЕТО

Бидејќи е полн со антиоксиданти кои ги штитат клетките од штети предизвикани од слободните радикали, нема да направите грешка секогаш кога ќе одлучите да јадете млад кромид.

Покрај тоа, тој го одржува крвниот притисок во граници на нормалата и го намалува ризикот од формирање на тромб.

ГИ ЗАЈАКНУВА КОСКИТЕ

Младиот кромид е богат со витамини Ц и K кои се одлични за коските. Само едно парче млад кромид содржи околу 20 проценти од препорачаната дневна доза на витамин К и околу 2 проценти од витаминот Ц.

ГО НАМАЛУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ

Ако сте од оние кои ги фрлаат перјата од младиот кромид, по оваа информација престанете да ја практикувате оваа навика, бидејќи овој дел од кромидот го намалува лошиот холестерол и го регулира нивото на шеќер во крвта.

Напиши коментар