Здраво тело

3 рецепти за употреба на цимет: го забрзува растот на косата, го неутрализира лошиот здив, го чисти тенот

Циметот е корисен за целото тело, а еве како да го користите за да бидете поубави и убаво да мирисате!

Циметот е далеку најдобро познат како додаток за јадења и фрапеа, но веќе со векови се користи во Кина и Индија за лечење на грип и гастро проблеми.

Раст на косата

Еден начин да се стимулира растот на косата со нега на скалпот е  маската од цимет. Измешајте две лажички цимет и мед со половина чашка за кафе, маслиново масло. Додадете јајце за да направите смесата да се згусне, а потоа се втријте на влажна коса и оставете 10-15 минути. Потоа, исплакнете со шампон.

Лош здив

Доколку мака мачите со здивот од устата, едноставно изедете стапче цимет, или испијте вода што сте ја свариле и во неа сте ставиле од овој зачин.

Сјај за усни

Ставете малку вазелин на усните. Втријте малку цимет на усните и оставете да отстои минута – две. Ќе почувствувате како усните малку ви отрпнуваат, но ефектот ќе биде одличен. Буквално и пренесено. Никогаш не ставајте цимет директно на кожата, бидејќи може да предизвика иритација.

Маска за лице

Исчистете го лицето од акни со производ на база на цимет што сами сте го направиле. Измешајте три лажици мед и една цимет. Кога смесата ќе стане доволно густа – нанесете ја на лицето. Циметот ќе ги спречи бактериските акни, а медот ќе помогне да се хидрира кожата.

Отстранување на сувата кожа

За да се отстранат старите слоеви на кожата и да и се врати сјајот, доволно е да се нанесе мешавина од морска сол, бадемово масло, мед и мелен цимет.

Напиши коментар