Мода

3 совети да станете жена со стил

Многу жени би сакале да изгледаат добро и да имаат стил, но не знаат од каде да започнат.

За почеток, добро е да знаете што значи да имате стил. Да се има стил не значи слепо да се следи модата, туку да се избере облека која идеално одговара на вашиот карактер и расположение, но исто така и пригодата за која сте облечени, а во исто време оваа облека не ги следи слепо трендовите.

-1- Примери
Најдобар начин да пронајдете добар стил е да барате примери. Погледнете наоколу, погледнете ги жените кои имаат стил, разгледајте ги списанијата или гледајте на телевизија жени на ваша возраст, за кои се коментира дека имаат стил.

-2- Критичен, но современ став
Од време на време погледнете во вашиот ормар и исфрлете ја облеката што не одговара на вашиот нов стил, за да направите простор за нови современи парчиња.

-3- Започнете со неутрални комбинации
За да се чувствувате добро во вашата кожа, не треба веднаш да почнете да експериментирате. Постепено градете ја промената без драстични чекори, за да се навикнат и другите и да избегнете коментари.

Кога ќе стигнете до ниво да се чувствувате удобно во вашата облека и секогаш средено, можете да започнете со експериментирање и градење на индивидуален стил.

Сликата на надворешноста треба да ги рефлектира чувствата одвнатре.

Напиши коментар