-1- Зелена боја



Од ходникот, дневната соба, до спалната соба, сите соби во станот можете да ги направите многу помодерни ако додадете зелена боја во нив. Оваа боја е многу популарен тренд за 2019 година.
-2- Максимализам



И додека во последниве години доминираше минимализмот и скандинавскиот стил на декорација, оваа година се враќа максимализмот во мода. Тоа значи многу детали и многу личен стил во секој дом.
-3- Мешање на стилови и мебел



Во модерната кујна додадете златни детали, користете балконски столчиња наместо фотелји, а за модерен ефект во трпезаријата поставете столици во сосема различни стилови и материјали.
