Sweet Home

3 трендови за уредување на домот кои ќе ја одбележат 2019 година

-1- Зелена боја

Од ходникот, дневната соба, до спалната соба, сите соби во станот можете да ги направите многу помодерни ако додадете зелена боја во нив. Оваа боја е многу популарен тренд за 2019 година.

-2- Максимализам

И додека во последниве години доминираше минимализмот и скандинавскиот стил на декорација, оваа година се враќа  максимализмот во мода. Тоа значи многу детали и многу личен стил во секој дом.

-3- Мешање на стилови и мебел

Во модерната кујна додадете златни детали, користете балконски столчиња наместо фотелји, а за модерен ефект во трпезаријата поставете столици во сосема различни стилови и материјали.

Напиши коментар