Cafe Del Mar

3 вежби кои ќе ви помогнат да го елиминирате подбрадокот

Еден од показателите дека сме претерале и навистина сме се здебелиле е и појавата на подбрадокот, односно насобраните масти, под нашата брада.

Многу жени се борат со овој проблематичен дел од телото, кој во прилог на вишокот килограми, може да се случи како резултат на генетиката и стареењето, сепак, не постои нешто што неколку ефикасни вежби и упорноста не можат да го решат.

Со неколку едноставни вежби, кои бараат секојдневно само 5 минути од вашето време, вашиот подбрадок ќе исчезне со текот на времето и ќе уживате во овалниот и беспрекорен облик на вашето лице.

  • Обидете се да го допрете носот со јазикот

Ова е многу едноставна вежба која ќе ви помогне да го намалите вашиот подбрадок. Доволно е да го испружите вашиот јазик и да се обидете да го допрете врвот на носот.

Оваа вежба ќе ви помогне да се развијат мускулите под брадата. Ако ја изведувате оваа едноставна вежба неколку пати на ден, неколку недели, наскоро ќе ги видите првите резултати.

  • Завземете позиција, како да бакнувате некоја навистина висока личност

Оваа вежба подразбира да завземете положба, како да сакате да бакнете некоја навистина висока личност. Напучете ги усните и  кренете ја главата нагоре, така што ќе осетите затегнување на мускулите на вратот.

Во оваа позиција, треба да останете 10 секунди, потоа спуштете ја главата и опуштете ги усните. Повторете ја оваа вежба 5-7 пати на ден.

  • Вдишете воздух, така што ќе ги напумпате вашите образи

Вдишете голема количина на воздух и распоредете го така што вашите образи ќе изгледаат како да сте ги напумпале. така напумпаните образи затегнете ги со дланките, без да го испуштите задржаниот воздух.

Задржете се во оваа положба до 5 секунди. Повторете ја оваа вежба 5 до 6 пати и искомбинирајте ја со другите вежби за успешно да го намалите подбрадокот.

Напиши коментар