← НАЗАД НА БОЗА

4 make-up производи кои шминкерите ги обожаваа минатата година – а ќе бидат хит и во 2019. година

4 make-up производи кои шминкерите ги обожаваа минатата година – а ќе бидат хит и во 2019. година
154 Читања

Make-up-от за кој зборувавме минатата година ќе биде подеднакво интересен и оваа година, па се исплати да обрнете внимание на производите од кои шминкерите останаа изненадени.

Make-up фаворитите од 2018. година се откриени благодарение на еден од главните авторитети во светот на шминката на Instagram – TrendMood.

Нивните истражувања покажаа која пудра, коректор, сјај за усни и палета на сенки за очи беа најпопуларни меѓу нивните повеќе од еден милион следбеници минатата година.

Со 69 проценти од гласовите за најдобра течна пудра беше прогласена Born This Way на брендот Too Faced, оставајќи ја зад себе култната Estee Lauder Double Wear.

Born This Way Too Faced

За прикривање на подочниците, дамките и акните, најдобар е коректорот на брендот Tarte на кој се должи целосното прекривање на недостатоците што сакаме да ги сокриеме, додека на усните главната улога минатата година ја имаше сјајот за усни на брендот на Ријана, Fenty.

Tarte Shape Tape коректор

Fenty Beauty сјај

Кога станува збор за сенките за очи, за најдобра беше избрана палетата на Morphe James Charles, која, за жал, во моментов е распродадена и веќе има долга листа на чекање за нови производи.

Morphe James Charles Artistry Palette

Ако сеуште не сте се пробале ниту еден од препаратите, нема да направите грешка доколку ги додадете во вашата козметичка ташничка оваа година, а за сите љубители на make-up со потпис на Ријана, пристигнуваат добрите вести – на 10. јануари ќе пристигне нова make-up колекција во која пејачката ќе го презентира коректорот која доаѓа во околу 50 нијанси.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk