Ако планирате да го следите популарниот тренд и да изберете деверуши, овие совети добро ќе ви дојдат.
Тие се најдобрите другарки на невестата, често се жалат поради бојата или моделот на фустанот, а некоја од нив задолжително пушта солза додека младенците го изговараат судбинското „да“, ова се само некои од клишеата од холивудските филмови кои се однесуваат на деверушите.
Исто како и моминската вечер, и изборот на деверуши полека станува дел од модерните венчавки и во нашиот регион.
Ако не можете да не може да му одолее на овој тренд, тука се и неколку хумористични „за“ и „против“, кои ќе ви помогнат во изборот на деверуши.
Најдобрата другарка од детството
За – Ги планиравте своите венчавки уште на пет години.
Против – Венчаницата што ја носеше Ариел во цртаниот филм „Малата сирена“ можеби не би ви стоела најдобро. Во превод, ако не сте се виделе долго време, можеби има причина за тоа, а вие едноставно немате повеќе заеднички допирни точки.
Најдобрата другарка за забава
За – Таа сигурно ќе биде прва на подиумот и ќе ја подигне атмосферата.
Против – Постои разлика помеѓу забавна и деверуша која е премногу слободна и која испила неколку чашки повеќе. Впрочем, сите очи треба да бидат насочени кон невестата.
Сестрата на младоженецот
За – Подобро ќе ја запознаете
Против – Аргументот „за“ може да биде ист како и тој за „против“ ако не сакате премногу да се поврзете со неа или имате повеќе блиски другарки и едноставно нема повеќе простор за уште една највесела девојка на венчавката.
Вашата сестра
За – Никој не те знае подобро од неа.
Против – Можеби сепак сте премногу блиску, па без двоумење ќе кажете некои работи кои инаку би можеле да и ги премолчите и на најдобрата другарка. Конфликтот е често премногу близок во ваквите ситуации.