Знаеме дека самата помисла на шминкање, во утринските часови, кога сте во брзање и не знаете што да направите попрво, малку ве прави вознемирени.
Затоа, ви претставуваме неколку едноставни make up трикови, кои ќе ја забрзаат вашата рутина на шминкање, а која ќе направи да изгледате свежи и привлечни, исто како да сте потрошиле до половина час во разубавување.
Совршен утрински make up, за само 5 минути, ќе постигнете со овие неколку едноставни make up трикови.
Заменете ги производите во прав со кремасти производи
За да избегнете долготрајно мешање и тапкање на производите во прав, побарајте крем алтернатива.
Наместо пудра во прав, користете бб крем, кој лесно се нанесува со прстите, а преку него, дајте му свежина на лицето со малку руменило и highlighter во стик, за вашата кожа да изгледа совршено и да блеска, без никаков знак на замор.
Кога станува збор за пудри во прав, не заборавајте дека шминката се фиксира со камена пудра, за да се осигурате дека ќе опстане на вашето лице во текот на денот, а ако сте љубител на контури, применете и малку бронзер.
Користете молив за очи, наместо eyeliner
Со оглед на тоа дека повлекувањето на совршени линии со eyeliner може да потрае, се препорачува барем во утринските часови, кога се шминкате набрзина, да го замените со молив за очи.
Повлечете тенка линија до трепките, со што ќе го зголемите волуменот со слој од вашата омилена маскара. Со овие два неопходни трикови, ќе постигнете буден изглед на очите, за помалку од една минута.
Заменете ги мат кармините со кремасти
Кремастиот кармин се нанесува за само неколку секунди и не ја бара прецизноста што ја бара мат карминот. Покрај тоа, кремастиот кармин ќе направи вашите усни да изгледаат пополни и поубави.
Наместо молив за веѓи, корстете гел
Гелот за веѓи е спас, кога станува збор за брз утрински make up. Немате многу време за совршено да ги исцртате веѓите. Гелот не само што ќе ги пополни, туку и ќе ги фиксира, за да ја задржи посакуваната форма во текот на денот.