Често се случува да нанесете само половина од вашата шминка, пред работа.
Вие не сте единствени!
За да успееме успешно да се избориме со овој проблем, и да ја одржиме својата свежина и во текот на работното време, покрај производите кои ги имате во вашата ташна, треба да бидат и оние кои ќе станат вашата постојана канцеларија опрема!
Секоја жена треба да ги има овие 5 производи со неа на работа:
- Шампон за суво миење
Ако не сте имале време да ја измиете косата или поради прекумерната влага тој ден, волуменот е изгубен, решението на овој проблем лежи во сувиот шампон, кој ќе и го врати на вашата коса изгубениот волумен, и ќе и даде свеж изглед.
- Комплет четка за коса и огледало во едно
Ова е пронајдок кој успева да го поправи денот на секоја жена. Имајќи го со вас значи можност за средена фризура и педантно корегирана шминка во секое време.
- Стик и парфем
Поради постојаните промени во температурата, или повеќе од еден час напорна работа, ние понекогаш мораме да работиме на свежината на нашето тело.
Затоа е од суштинско значење во работната маса секогаш да имате стик, со кој ќе го освежите мирисот на вашето тело и на вашата кожа ќе и ја вратите свежината.
- Пудра за лице
https://www.instagram.com/p/BnjOd-5nZ0h/?utm_source=ig_embed
- Лак за нокти
Неизбежната работа за секоја жена е лакот за нокти! Ако бојата ви се излупи пред важен состанок, ќе можете брзо да ја поправите.