Sweet Home

5 евтини идеи за преуредување на домот

За почеток, треба да го освежите вашиот животен простор со светли бои, бидејќи тоа ќе ве поттикне и ќе го подобри вашето расположение.

Избегнувајте депресивни бои и слабо осветлување.

Еве уште неколку предлози:

-1- Преместете ги работите

Понекогаш е доволно да го преместите мебелот за да му дадете на вашиот дом сосема нов изглед.

Најдобриот почеток е да го исфрлиме целиот мебел надвор од собата, а потоа да ги вратите сите работи една по една и да ги ставате на ново-подобро место.

Оние предмети кои се излишни, преместете ги во друга просторија, а некои работи од другите простории внесете ги ако се вклопуваат подобро.

-2- Барајте поевтино

Ако навистина сакате нешто, обидете се да преговарате за цената. Ако цената не ви одговара, побарајте поевтина копија или слична, додека не ја пронајдете. Не купувајте нешто што е премногу скапо за вас.

-3- Пренаменете го она што го имате

Масата од градината може да се користи како клуб маса во дневната соба. Тоа ќе му даде на вашиот простор за живеење сосема нова, ориентална атмосфера, а за евтини пари.

-4- Купете нови перници во весели живописни бои.

Можете да ги менувате сезонски. Пастелни за пролет, вибрантни за лето.

-5- Бидете креативни

Не треба да имате скапи ремек-дела на ѕидовите. Можете сами да направите прекрасни декорации или некој од семејството со малку повеќе уметнички талент.

 

Напиши коментар