Општо е познато дека еден детаљ може да промени сè …
Сега кога се ближи крајот на зимата, конечно е време да почнеме да размислуваме за пролет, пишува Стил.
Иако се уште не е време за летни фустани и кратки маици, полека можеме да почнеме да се „загреваме“ со модни детали. Оваа пролет, природни, минималистички материјали се враќаат на голема врата, а и рачниот труд исто така ќе се цени.
Прочитајте ги подолу петте најголеми пролетни трендови кои можете да ги носите веднаш:
Природни материјали
Материјалите како лен и слама на секоја комбинација можат да и дадат дел од нивната топлина. Ткаењето во земјени бои и природни материјали се истакнуваат особено ако ги комбинирате со бела боја, но во голема мера се совпаѓаат со пастелни и потемни тонови.
Минималистички сандали
Големо враќање во оваа сезона имаат сандалите со тенки каивчиња што потсетуваат на моделите од 90-тите и раните 2000-ти. Идеална комбинација се тенките ремени и едноставните, неутрални бои.
Проѕирни детали
Додадете ги кристално проѕирните ПВЦ детали на својот пролетен изглед, по можност во вид на модерна ташна.
Каиш ташни
Големо враќање на ташните кои се носат околу половината, а сега можете да ги носите и префрлени преку рамото. На секоја комбинација и даваат релаксиран изглед.
Рачни изработки
Оваа пролет дефинитивно преовладува тренд кој веќе некое време се носи. Станува збор за рачно изработена и уникатна галантерија што важи за нов луксуз. Овој тренд е особено нагласен кога станува збор за торби или обетки.