← НАЗАД НА БОЗА

5 правила за нарачување на песни на венчавката

5 правила за нарачување на песни на венчавката
122 Читања

Ако е предвидено на венчавката да се нарачуваат песни, треба да се почитуваат неколку правила.

Се поголем број на младенци имаат договор со бендот или диџејот да не се нарачуваат песни, туку музичарите да свират според нивниот план или список што го даваат невестата и младоженецот.

Меѓутоа, ако на гостите им е дозволено да нарачаат песна, треба да се почитуваат одредени правила.

1. Нарачајте ја песната на почетокот на веселбата. Многу е веројатно дека на крајот од прославата бендот ќе свири песни што ги сакаат младенците, па затоа е добро да се нарача песната пред да се загрее атмосферата.

2. Не им кажувајте на музичарите кои сте и што сте и колку сте важен гост. Тоа е едноставно непристојно, а сепак, од друга страна, сите гости се подеднакво важни.

3. Не ги навредувајте музичарите велејќи дека нивниот избор на песни е лош. На овој начин, ќе ги навредите дури и младенците кои се одлучиле токму за тој бенд, а најверојатно и сами ги избрале песните.

4. Почитувајте ги желбите на младенците. Доколку невестата и младоженецот изразиле желба музичарите да не изведуваат одредени песни или видови на музика, почитувајте ја нивната одлука. Непристојно е постојано да инсистирате и со тоа да покажете непочитување на младенците.

5. Запрашајте се – дали навистина ви е важно да нарачате песна? Со оглед на тоа што младенците генерално им нудат листа на песни на музичарите, дали навистина сакате да ги прекршите нивните концепти и планови. Помислете дека сепак тоа е нивниот најважен ден во животот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk