За сите невести кои носат очила, овие совети ќе ви бидат од голема корист.
Со соодветна шминка, вашиот поглед може да биде заносен и додека носите очила.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да направите шминка за свечена пригода, како што е свадбата.
Нагласете ги очите
Очилата покриваат поголем дел од очите и треба да знаете како да ги потенцирате. Ставете маскара, и тенок или дебел слој на eyeliner во зависност од рамката на вашата очила.
Помалку шминка на очните капаци
Со оглед на тоа дека очилата го покриваат поголемиот дел од очните капаци, не мора да се грижите за тоа која сенка да ја ставите. Доколку навистина сакате да ставите сенка, одберете неутрална боја која нема многу да се истакне.
Тргнете го вниманието од очилата
Ако не се чувствувате удобно додека носите очила, бидејќи сметате дека не ви стојат добро, тргнете го вниманието од нив со кармин со смела боја. Црвена, розева и виолетова се бои кои го привлекуваат вниманието.
Ставете руменило
Ставете малку руменило на местото каде што вашите очила ги допираат образите. Дајте и на кожата природен изглед, како да свети.
Убаво обликувајте ги веѓите
Редовно грижете се за веѓите и обликувајте ги убаво, затоа што ги нагласуваат очите кога носите очила. Ако имате тенки веѓи, потенцирајте ги со молив со бојата на вашата коса.
Не претерувајте со шминка
Не сакате премногу работи да ви се случуваат на лицето во исто време. Особено ако носите обоени рамки. Држете се до едноставноста.
Немојте веднаш да се одлучите за контактни леќи наместо очила. Со очила можете да изгледате многу модерно и шик со вистинската шминка.