← НАЗАД НА БОЗА

7 совети за детокс на организмот по празниците

7 совети за детокс на организмот по празниците
143 Читања

Новогодишните празници претставуваат најкритичен период кога станува збор за витката линија, но и за здравјето на организмот …

Ретко кој може да му се спротивстави на соленото месо, слатките торти или виното, па така во средината на јануари доаѓа освестувањето водено од грижата на совеста и обидите да го вратите вашето тело во формата пред празничната еуфорија.

Затоа, во вистинско време, за вас издвоивме осум совети за детоксификација на организмот со помош на кои за кратко време ќе ги заборавите слатките искушенија пред кои потклекнавте…

Отстранете се што ја буди вашата желба

Најлесен начин е да ги исфрлите сите остатоци од храна и пијалок по празниците од куќата или уште подобро да ги поканите вашите пријатели на вечера.

Следниот ден, нема да има ништо што ќе може да ве измами, а секако е многу полесно кога не е пред вас.

Правете утрински вежби

Секое утро, обидете се да направите лесни истегнувања и вежби за дишење. Со ова ќе му овозможи на телото да прими поголема количина на кислород.

Јогата е исто така одлично средство за прочистување на телото. Со вежби, исто така, може да пуштите и некоја chill музика што дополнително ќе ви помогне да се релаксирате.

Останете дома неколку дена

Кога ја започнувате фазата на детоксификација на организмот, најдобро е што е можно повеќе време да поминувате дома, поточно во кревет и да спиете колку што е можно повеќе.

Телото врши многу тешка задача за исфрлување на токсините, па затоа е важно да се поштеди од непотребната потрошувачка на енергија.

Покрај тоа, кога сте надвор, се зголемува бројот на искушенија, додека само неколку дена во домот ќе ви помогнат да се вратите во нормала.

Бидете подготвени

Одлучете се кој вид на детоксикација сакате да направите, без разлика дали станува збор за исфрлување на токсини со помош на сурова храна, овошје, сокови, важно е да се направи план до кој ќе се држите.

Покрај тоа, од клучност е и големата количина на вода што ќе ја внесете секој ден.

Конзумирајте органска храна

Обидете се да обезбедите што е можно повеќе органска храна за време на фазата на детоксификација.

Ако купите овошје, зеленчук испрскани со пестициди и други хемикалии, внимавајте да го измиете добро пред да подготвите оброк.

Користете природна козметика

Обидете се да применувате природни или органски сапуни, шампони, регенератори и избегнувајте млеко за тело и лосиони кои се полни со токсични хемикалии.

Користете маслиново, кокосово или бадемово масло ако вашата кожа е сува, или прескокнете ја хидратацијата и сама нека дише.

Одете на масажа

Масажата ќе ви помогне да се ослободите од целата тензија и напнатост од телото, со што ќе го подобрите планот за детоксикација.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk