Bridal

6 предлози за незаборавна моминска вечер

Моминската вечер најчесто подразбира забава во клуб, со добра музика, танц, смеа и алкохол.

Но, тоа не мора да биде така. Убави и незаборавни сеќавања можат да се создадат ако ја поминете моминската вечер или ден на друг, оригинален начин.

Еве неколку предлози …

Спа ден. Сигурно ќе ви одговара да се опуштите во спа центар пред венчавката, а исто така ќе уживате во доброто другарување со вашите пријателки.

Дружење на час по уметност. Еве уште една интересна идеја за забава со вашите пријателки – да сликате или да вајате заедно, да создавате уметнички дела со послужување и пријатен разговор. На крајот од денот ќе ги земете своите дела како прекрасни спомени.

Час по танц. На овој начин можете да ги искомбинирате моминската и момчешката вечер и да се забавувате заедно. Ќе имате убави сеќавања и ќе научите некои нови танцови чекори.

Час по готвење. И ова е оригинален начин да се забавувате со пријателките. Секако дека ќе има многу смеа и вкусни закуски. Нашиот совет е барем накратко да заборавиме на броењето на калориите.

Читање на судбината. Одличен начин да се забавувате со вашите пријателки е да закажете сесија за читање на тарот карти,  гледање во шоља или читање на натални карти.

Забавен парк. Ако имате можност, посетете забавен парк или панаѓур заедно.Забавувајте се со возбудливи возења, шеќерна волна и интересни наградни игри.

Напиши коментар