Новости

А, на сцената – Мадони!

Поп-кралицата ја воодушеви публиката кога на сцената ѝ се придружија со помош на специјални ефекти, па, четири од неа…

Мадона покажа зошто таа сѐ уште е кралица на поп музиката кога на доделувањето на Билборд музичките награди ја изведе новата песна наречена „Меделин“ во соработка со колумбиската поп-ѕвезда Малума.

Таа се појави на сцената со превез на окото што го претставува нејзиното ново алтер-его Мадам X, а потоа и се придружија четири „придружни танчерки“, кои всушност беа холограми на пејачката од спотот за новата песна!

И така Мадона танцуваше со Мадоните и ја воодушеви публиката.

Нејзината изведба, направена со помош на специјални ефекти, чинела 5 милиони долари, а, наводно, пејачката сама ја платила целата „сметка“, додека организацијата за доделување на наградите не учествувала воопшто во овој настап.

Многумина веруваат дека ова е „еден од најамбициозните перформанси направени на телевизија во живо“.

Погледнете како изгледаше:

https://youtu.be/P2vt4YvwOQg

Напиши коментар