← НАЗАД НА БОЗА

Ако дневно внесувате само седум калории повеќе, ќе ве шокира колку ќе се здебелите во иднина

Ако дневно внесувате само седум калории повеќе, ќе ве шокира колку ќе се здебелите во иднина
61 Читања

Мала порција кечап содржи седум калории, а тоа е доволно за да се акумулираат значителен број на килограми во текот на годините, според експерт од универзитетот во Кембриџ, Џилс Јео.

Тој тврди дека проблемот е уште поголем во средниот животен век кога метаболизмот се забавува.

Во новата книга, Gene Eating,  објасни дека просечно возрасно лице од 20. до 50. година во просек добива 15 килограми.

„Тежината се зголемува за 15 килограми за 30 години, што е околу 75 илјади калории или 2500 калории годишно. Едноставната математика ќе открие дека само седум калории повеќе во еден ден се потребни за да се здебелите 15 килограми во 30-годишниот период“, пишува д-р. Јeo.

Тој признава дека на почетокот и сам бил скептичен во врска со оваа информација.

„Исправна е. Проверив математички“, додава тој, и објаснува како брзината со која телото согорува калории се забавува со годините, што значи дека додатните седум калории побрзо се собираат.

„Дебелеењето е неизбежно како резултат, ако не го намалиме внесот на храна или вежбаме повеќе“, вели тој.

Неговиот совет е да се придржуваме кон диета со висок процент на протеини или медитеранска диета.

„Не постои едноставен одговор за тоа кој тип на исхрана е најдобар. Треба да го изберете оној кој му одговара на вашиот животен стил“, предупредува д-р. Јeo, исто така, порачува избегнување на брзи диети со кои може да се постигне резултат за краток временски период, но не функционираат долгорочно.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk