Motherhood

Ако сакате вашето дете да биде попаметна и посигурна личност, тогаш нека спие подолго со вас

Ако го делите креветот со децата, веројатно знаете дека тоа е и тешко и неодоливо во исто време.

Можеби неможете да се наспиете како да имате цел душек само за себе, а наместо да го гушкате вашиот партнер, децата најчесто завршуваат во вашите прегратки.

Сепак, јасно ви е дека ова нема да трае вечно, а сепак од ден во ден им дозволувате на децата да легнат покрај вас. Тоа има некои други предности.

Според објавените резултати од истражувањето, децата кои спијат со своите родители се посигурни, поинтелигентни и посамоуверени на постара возраст.

Истражувањето покажа дека децата кои го напуштаат својот кревет во средината на ноќта и се вовлекуваат кај своите родители постигнуваат подобри резултати на когнитивните тестови во првите степени од основното училиште.

Исто така, овие деца се посреќни во животот како повозрасни и се посигурни кога станува збор за љубовните врски што особено се однесува за момчињата.

“Се испостави дека мажите кои спиеле со родителите како деца се посамоуверени, ретко се чувствуваат виновни и не се вознемирени“, се заклучува во студијата.

Авторите на слично истражување, Robin Lewis и Louis Janda, исто така, забележаа репрезентативен број на анкетираните мажи и жени кои рекоа дека „се чувствуваа безбедно ако по лош сон можеле да се вовлечат во креветот на мајката и таткото“.

„Не сум сигурна колку ми е удобно да спијам со нозете на моето дете на моето лице, но ќе се обидам да се сетам на предностите следниот пат“, вели мајката коментирајќи ги резултатите од истражувањето.

Заедничкото спиење со мали бебиња не се препорачува поради ризикот од синдром на ненадејна смрт кај доенчињата.

Напиши коментар