← НАЗАД НА БОЗА

„Аквамен“ соборува рекорди, заработи 846 милиони долари!

„Аквамен“ соборува рекорди, заработи 846 милиони долари!
60 Читања

Американскиот филм „Аквамен“ има извонреден успех низ целиот свет и заработил повеќе од 840 милиони долари досега.

Ова достигнување, во режија на Џејмс Фон, направи 623 милиони долари надвор од американскиот пазар, од кои само 260 милиони  во Кина, според Форбс. Само во првата недела од прикажувањето „Аквамен“ заработи повеќе од 100 милиони долари.

„Аквамен“ веќе го надмина успехот на филмот “Wonder Woman” чија вкупна заработка беше 821 милиони долари.

Се проценува дека овој филм од новата суперхеројска франшиза DCEU (DC Extended Universe) би можел да биде прв кој ќе достигне доход од една милијарда долари.

Ѕвездата на филмот „Аквамен“, Џејсон Момоа (го толкува ликот на Кал Дрог во хит серијата „Игра на тронови“) ,инаку, се најде на врвот на листата на 100 најубави мажи во 2018 година.

Момоа го глуми Артур Кари, владетелот на подводното царство на Атлантис, кој има моќ да владее со океаните, да комуницира со морски животни и плива со суперсонична брзина.

Филмот го открива неговиот развоен пат од момче кое штотуку станува свесна за својата моќ до човекот кој неволно го превзема престолот на Атлантис, со цел да му се спротистави на својот полубрат Орм (Патрик Вилсон) кој сака да го освои светот на површината.

Во оваа борба, му помагаат храбрата Мера (Амбер Херд) и мудриот советник Нуидис Вулко (Вилијам Дефо).

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk