← НАЗАД НА БОЗА

АЛПСКИ СТИЛ СО НОТА НА ОТМЕНОСТ! ПРЕУБАВ ПЛАНИНСКИ ЕНТЕРИЕР: Во оваа колиба ќе се заљубите

АЛПСКИ СТИЛ СО НОТА НА ОТМЕНОСТ! ПРЕУБАВ ПЛАНИНСКИ ЕНТЕРИЕР: Во оваа колиба ќе се заљубите
119 Читања

Да, алпски амбиент во вид на планинска колиба, куќичка, која може да биде пример за висока елеганција, што го докажува овој ентериер на француските Алпи, награден со престижни награди за внатрешен дизајн.

Планинска куќичка на француските Алпи, колиба “Alpine”, која ја дизајнираше и изведе британското студио  Inspired Design,  освои меѓународна награда за дизајн во алпски стил, која ја доделува едниот од најголемите портали во светот за дизајн и архитектура – Houzz.

Овој ентериер најдобро ја опишува филозофијата за работа на сопственичката на студиото, дизајнерката Никол O’Мара: се залага за рамнотежа помеѓу оригиналноста, имагинацијата и вниманието врз деталите при рачната изработка.

Портфолиото на ова студио, кое работи од 1998 година, се состои од бројни ски – одмаралишта, планински куќи и луксузни ентериери ширум Европа, а многу од нив беа крунисани со награди.

Деталите и целината се тука во совршен баланс: иако студиото му е посветено на секој детал што се изработува занаетчијски, совршено се гледа целокупната слика и вкупниот впечаток за единството на ентериерот.

Дневната соба излегува директно во дворот и заедно со кујната е основата на приземјето, проткаена со модерен и класичен стил.

Нежните плочки се во хармонија со комодата, додека големото огледало во златната рамка и придонесува кон отменоста.

Сопственичката на студиото е текстилен дизајнер, па затоа не сме изненадени од вештината со која таа го комбинира луксузното кадифе и посуптилниот лен.

Спалната соба зрачи со  поинтензивна интима. Полиците над наслонот се наменети за книги, што е исклучително решение кое го одбележува целиот ентериер!

Детската спална соба со кревети на спрат, иако екстремно практична, издишува отменост благодарение на прочистената линија на мебелот и контрастните комбинации на ткаенини.

Дискретното осветлување е клучен фактор за удобноста. Ленените завеси пропуштаат доволно светлина во гостинската соба, која делува природно, едноставно и елегантно.

Зимските предели се секогаш инспиративни за љубителите на природата, а ако на тоа му се додаде префинетиот вкус во уредувањето – доживувањето на убавината и комфорот е неизбежно.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk