Овие крекери излегоа неочекувано добро и ги воодушевија сите домашни.
Состојки:
- 250 гр амарант
- 50 гр, може и повеќе, ленено семе
- Сол, бибер, зачини по избор
- сусам за посипување
Амарантот варете го 30 минути во вода, но внимавајте да не остане без вода. Водата треба да се додава по малку и да се внимава да не изгори. Кога зрнцата ќе омекнат, додадете сол, бибер и зачини по желба, како што се оригано или темијан. Оставете да се излади.
Во изладената смеса додадете го мелениот лен и сето тоа добро измешајте го. Смесата мора да биде густа.
Ставете ја смесата на хартија за печење подмачкана со масло и измазнете ја да биде околу 1/2 см дебела. Посипете со сусам и ставете да се пече на 180 степени Целзиусови околу 40 минути.
Извадете ја од рерната и свртете ја заедно со хартијата на друга чиста хартија. Додека смесата сеуште е мека, со нож, засечете плочки за да можат подоцна полесно да се кршат кога ќе се испечат до крај.
Вратете ги во рерната и печете уште 15 минути. Оставете да се изладат, искршете ги и ставете ги во хартиена кеса за да останат крцкави.

