Ги препознавате овие три девојки?
Три нови убавици во добро позната приказна!
Во новата верзија на „Чарлиевите ангели“ ќе ги гледаме Кристен Стјуарт, Наоми Скот и Ела Балински!
Погледнете ја фотографијата со која тие три со фановите споделија „дел од атмосферата“ од снимањето!
Еве уште слики од Ела!
https://www.instagram.com/p/BuCQrMEgbMf/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Btl4FrAgkJu/?utm_source=ig_embed
Елизабет Бенкс го напиша сценариото и ја режираше новата верзија на приказната за детективската агенција која ќе ги однесе „Ангелите“ на мисија низ целиот свет.
Бенкс ја глуми и мистериозната сопственичка на агенцијата, Бозли, која во претходниот филм ја глумеше Деми Мур. Поминаа 16 години од претходната верзија “Full throttle” од 2003 година, а новата ќе ја гледаме во септември оваа година.
Во оригиналната серија, емитувана во САД од 1976 до 1981година, главните улоги ги толкуваа Фара Фосет, Кејт Џексон и Џеклин Смит.