← НАЗАД НА БОЗА

Анти-диета: Ослабете без вежбање и јадете колку што сакате

Анти-диета: Ослабете без вежбање и јадете колку што сакате
77 Читања

Повеќето диети работат по принципот на намалување на внесот на калории за видливо губење на килограмите.

Прашањето кое често се наметнува поради јо-јо ефектот е која исхрана може да биде одржлива подолго време.

Замислете дека постои диета која ви вели да јадете ПОВЕЌЕ калории? Па токму таква диета постои и се вика Анти-диета.

Идејата е дека можете да јадете што сакате по постигнувањето на посакуваната тежина. Единственото нешто е тоа што се уште треба да поминете низ периодот на диетата и ограничувањето на калории, а потоа треба да се обидете со оваа Анти диета со која, всушност, ќе ја одржите посакуваната тежина.

Оваа диета е одличен начин да се вратите кон здравиот внес на калории по одредениот период на построга исхрана. Овој тип на исхрана ќе ви помогне да останете витки.

Таа функционира така што постепено секоја недела ќе го зголемувате внесот на калории за 100, се додека не забележите дека повторно почнувате да се поправате, а овој период ќе биде различен за секој човек поединечно.

Тоа е момент кога ќе престанете да ги зголемувате калориите и ќе продолжите да се храните со оваа калориска вредност.

Сепак, тоа не значи дека можете да јадете било каква храна. Секогаш избирајте поздрава храна, бидејќи само затоа што го јадете точниот број на калории, не значи дека ја јадете вистинската храна.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk