← НАЗАД НА БОЗА

АРАНЖИРАЊЕ НА МАСИТЕ НА ВЕНЧАВКАТА

АРАНЖИРАЊЕ НА МАСИТЕ НА ВЕНЧАВКАТА
125 Читања

Декорацијата на масите е еден од основните елементи за време на украсувањето на салата за венчавката.

Треба да биде во согласност со целокупната атмосфера, а особено е интересна ако упатува на некои карактеристики или интереси на младенците.

Без разлика дали ќе ангажирате професионалци или сами ќе украсувате, постојат упатства со помош на кои сигурно ќе добиете совршен резултат.

ВИДОВИ НА МАСИ

На самиот почеток, најважното нешто за уредување на масата е да се знае нејзината форма.

Запомнете го ова кога ќе одбирате сала, а доколку е важно, распрашајте се и за димензиите.

На овој начин ќе имате јасна слика за тоа каков вид на простор имате и што би било најсоодветно како декорација.

Обрнете внимание и на нивниот распоред, особено ако планирате различни декорации или сакате да биде според одреден шаблон, редослед.

КАРТИЧКИ СО ИМИЊА

Покрај тоа што се интересни детали, картичките се многу практични, особено ако имате многу поканети гости.

Лесното снаоѓање во просторот нема да создаде конфузија, а сите ќе се чувствуваат посебно.

Можете да бидете екстремно оригинални. Од изборот на материјалот на кој ќе пишувате имиња, до лични пораки кои можете да ги оставите за секој гостин.

Особено е интересно ако младенците ја испишат лично картичката. На тој начин се создава чувство на поврзаност, интимност и посебна благодарност до присутните.

Сепак, уредувањето на масата сигурно ќе остане запаметено на овој начин.

САЛФЕТИ

Одличен детаљ за уредување на масата можат да бидат и салфетите.

Невообичаено обликувани и здиплени со различни техники, ќе ја направат декорацијата невообичаена.

Бојата треба да одговара на бојата на чаршавот. Ако се одлучите за шарени, боите и нијансите нека одговараат едни на други, со цел да се ускладат.

Ова сигурно ќе го привлече вниманието на гостите, бидејќи еден од првите погледи е токму оној врз чинијата.

ЦВЕТНИ АРАНЖМАНИ

Вообичаеното уредување на масата со цвеќиња, можете да го претворите во нешто сосема друго.

Од природни цвеќиња во стаклени вазни завиткани со декоративна лента, до полско цвеќе во лименки од чај. Можете да одберете дури и цвеќе во мали скасии, па и билки кои што се користат како зачини.

Оригинални идеи има безброј, важно е само да се пронајдете себеси во нив и да ги вклопите соодветните цвеќиња.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ДЕКОРАЦИИ

И сами ќе бидете изненадени колку креативност може да додадат дополнителни детали.

Тоа можат да бидат гранки, во комбинација со цвеќиња, особено ако станува збор за есенска свадба.

Аранжирањето на масата може да биде игра ако ги вклучите овошјето или зеленчукот што ќе ги комбинирате.

Свеќите се многу чести и можат да бидат романтични и елегантни, во свеќници, вазни, но и со необични облици и симболи. Ова особено ќе ви даде ваш личен печат.

Интересни, исто така, се и лустерите, кои можат да висат над секоја маса, а можете да ги креирате и сами од хартија.

МАСАТА НА МЛАДЕНЦИТЕ

Особено внимание се посветува на уредување на масата за младенците.

Таа е во фокусот на сите гости, а обично се разликува од останатите маси во однос на богатството на аранжманот.

Главната улога тука ја превземаат цветните украси, кои можат да бидат направени од ливчиња од рози врз масата, помали и поголеми аранжмани, декоративни ленти, свеќници и слично.

Можете да направите контраст со боите, но најважно е сè да се совпаѓа со целокупниот простор.

Исто така интересно е и доколку поставите пано зад масата, кое можете да го декорирате на различни начини или да искористите лед завеса.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk