Вкусен десерт кој се подготвува брзо и лесно!
Бананите во сос од карамел се веројатно десерт кој најлесно се подготвува, но сепак тие се многу вкусни.
Состојки:
115 грама путер
225 грама шеќер
150 милилитри слатка павлака
Четири банани, излупени и пресечени по должина
Подготовка:
Во поголемо тенџере, стопете го путерот на среден оган. Додадете шеќер и варете, постојано мешајте додека шеќерот не се стопи и не стане светло-кафеав. Полека додадете слатка павлака, мешајте и варете една минута, а потоа намалете го огнот.
Додадете ги бананите во тенџерето и заедно со карамел сосот оставете да се вари околу две минути.
Послужете ги топли.