Доброто време не го менува само стилот на облекување, туку и нашите beauty навики.
Со почетокот на промените сакаме полеснa шминка и нешто попроѕирен тен. Природниот изглед не одзема многу време, ниту пак е потребна комплексна техника за шминкање, па свежиот и едноставен make up look ќе го постигнете за само неколку минути.
Со оглед на фактот дека за време на сончевите денови, не ни се допаѓаат тешките формули на пудрите за лице, адекватен избор, со нешто полесна структура се BB кремите, кои се идеален производ за постигнување на популарниот no make up look.
Оваа едноставна и природна шминка ќе ја потенцира вашата природна убавина и ќе ги маскира и малите недостатоци на вашето лице.
За да го направите овој изглед поприроден, пред да нанесете шминка, детално третирајте го лицето. Бидејќи нашата кожа не трпи премногу шминка на лицето, соодветната грижа и релаксација од тешката шминка ќе ја подмлади вашата кожа.
Соодветниот BB крем, е соодветна замена за тешките пудри, бидејќи ја хидрира кожата на лицето и ги крие малите недостатоци. Изберете крем, кој содржи SPF фактор, кој дополнително ќе ја заштити кожата од сонцето.
Една од најголемите придобивки на bb кремот, секако, е тоа што не ги затвара порите, па кожата ќе може да дише за време на топлите, летни денови.
Ако овој производ стане дел од вашата рутина, вие дефинитивно ќе имате совршен тен, за неколку секунди, а целокупната make up рутина, нема да трае повеќе од 15 минути, што е особено важно во деновите кога немате време за ништо!