Навистина е тешко да се справиме со изобилието на изрази кои светот на убавината ни ги дава секојдневно, па често не знаеме кој производ за што служи.
Сигурно знаете дека highlighter-от и iluminator-от се одговорни за брилијантен и свеж изглед на вашата кожа, кон кој сите се стремиме, но каква е разликата помеѓу овие производи?
Highlighter и iluminator се производи кои се користат во make-up светот, со цел да се постигне ефект на свеж и буден изглед, како и сјаен тен.
Иако производите се мултифункционални, нивната основна функција во основа е многу различна.
Iluminator – ите се посветлите нијанси на вашиот коректор и служат да го осветлат вашето лице. Тие се нанесуваат по течната основа или можат да се мешаат со пудрата.
Овој производ можете да го користите за визуелно издолжување или за стеснување на одредени делови на лицето.
Со оглед на тоа дека iluminator-от има блага покривачка моќ, ќе можете да ги покриете помалите несовршености на лицето.
Со сето ова, овој make-up производ е одличен сојузник во борбата против подочниците, така што ќе го направи вашиот изглед свеж дури и по напорната ноќ.
Highlighter-от од друга страна, нема примена врз целото лице, бидејќи тоа ќе го направи нашиот make-up look да изгледа неуреден.
Highlighter-от се користи на точно одредени делови на лицето, како што се јаболчниците, врвот на усните и носот и аглите на очните капаци.
Неговата функција е да го осветли, но исто така и да го нагласи нашето лице и да ни даде сјаен и свеж изглед. Пожелно е да се нанесе по компактната пудра.