Трансформирање на брановидна и кадрава коса во права, често вклучува обилна употреба на хемикалии, различни фенови за коса и пегли за коса – што доведува до оштетување.
Иако техниките за исправување на косата без топлина не можат да функционираат кај сите – „Искрено, не е баш реално да се очекува потполно права коса ако започнете со третманот од многу кадрава коса, без користење на некаков вид на топлина“, вели Jill Engelsen, главен стилист во Butterfly Studios во Њујорк, можно е да стане права ако започнете со природно брановидна коса“.
„Важно е да се започне со вистинскиот шампон и балзам наменет за права коса“, вели познатата фризерка Laura Polko.
„По миењето, обидете се да отстраните што е можно повеќе влага, а потоа нанесете крем за измазнување – или користете балсам за подготовка на косата и серум за мазнење или масло, во зависност од типот на косата.“
„За долга до средна должина на косата, која е лесна за израмнување, може да ја провлечете четката низ влажна коса и цврсто да ја повлече со рацете на секои неколку минути додека не се исуши“, вели Engelsen.
„Кога целосно ќе се исуши, искористете природен производ, како што е кокосовото масло за да ги опуштите кутикулите на косата и да ги отстрани кадриците.“