Познатиот фудбалер неодамна е фатен и за пребрзо возење.
На Дејвид Бекам му е забрането да седне позади воланот следните шест месеци, а ќе плати и казна од 750 фунти (870 евра) поради обично телефонирање за време на возењето.
Покрај тоа, тој добил и шест казнени поени.
Тој беше фатен како зборува на телефон во својот Бентли додека возеше по централните улици на Лондон минатиот ноември.
Според Законот за безбедност во сообраќајот, забрането е користење на мобилниот телефон за време на возењето.
Неколку месеци пред тоа, Бекам беше снимен од полицијата како вози низ западен Лондон со брзина од 95 километри на час во зоната каде што е дозволена брзина од максимум 65 km/h.
Меѓутоа, благодарение на прочуениот адвокат на познатите личности, Нико Фримен, попознат како Господин Дупка во Законот, овој случај беше отфрлен поради одреден технички пропусти, пишува британскиот Дејли мејл.
Ова предизвика гнев кај адвокатите и сообраќајните професионалци, бидејќи „се работи за личност која треба да биде пример за младите“.
Споменатиот адвокат му помогна на Бекам и во 1999 година да се извлече од осуммесечна забрана за возење. Како причина за пребрзо возење, тој наведе дека познатиот фудбалер се обидувал да избега од папараците.