Мода

Белата како моден императив на сезоната пролет-лето

Иако композицијата на вибрантни бои, е апсолутниот хит оваа пролет, во комбинација со лелеавите и романтични модни комбинации за топлите денови, посебно место имаат неутралните бои, на чело со белата.

Впечатливите бои ни одговараат, по долгата зима и затворените нијанси, но одвреме-навреме сакаме мирни и софистицирани парчиња облека, во бела боја, кои ќе го направат нашиот outfit во исто време удобен и класичен.

Во деновите кога сакате разигран, романтичен и женствен изглед, изберете бела боја и нема да направите грешка!

Во исто време, белата претставува бегство во минималистичка едноставност, но исто така е и најдобриот избор за елегантен, класичен и луксузен вечерен outfit.

Напиши коментар