Дали би го гледале?
Филмот за фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, е еден од филмовите за кои најмногу се зборуваше во 2018 година.
Додека “Bohemian Rhapsody” завршува со изведбата на концертот Live Aid во 1985 година, многу фанови на групата веруваат дека обработената приказна е само дел од „изгребаната“ површина и дека Фреди и Queen заслужуваат нивната приказна да се каже до крај.
Затоа продуцентите размислуваат да направат и продолжение, кое би ги потсетило фановите, а помладите генерации би ги научило што понатаму се случувало со овој култен бенд.
И Брајан Меј од групата “Queen” уште минатата година го најави тоа, велејќи дека “Live Aid” е добро време да се направи пресек, што ја остава можноста да се сними продолжение.
Филмот освои Оскари за најдобар актер (Рами Малек), филмска монтажа, микс и монтажа на звук, му избега „само“ Оскарот за најдобар филм.
Потсетете се!