Ако сакате да ја промените бојата на косата, но сеуште не сте сигурни која да ја пробате, ви ги претставуваме трендовите за оваа сезона.
За почеток, овде е Snow Blonde опцијата на сива коса, која го доживеа својот успех на Pinterest. Таму, потрагата по термини како “icy blonde hair” порасна за 45% во текот на изминатите неколку месеци.
Во чекор ја следи бојата на бакарот, иако во наредните сезони ќе се носат и сите други варијации на црвената боја, како што е коралната т.н. strawberry blond.
Ink black, сепак, е совршена нијанса за ладните денови, а носи прекрасна црна боја со син подтон. Исто како вистинската сина боја, бара совршен квалитет на косата.
Таканаречената negative space техника, во која дел од површината на косата останува непроменет, оваа година би можела да го достигне својот врв, исто како и tinsel техниката осмислена од Kevin Murphy, која и додава контраст на врвовите на русата боја во вид на розева.
Cream soda е техника која носи златни и карамел варијанти кои што ги видовме на моделите како Gigi Hadid и Amber Heard.
Dirty blond им одговара сите оние кои се малку мрзеливи, бидејќи подразбира видлив израсток на коренот.
Cool brown е апсолутна кралица на кафеавите нијанси оваа година.
Hollywood opal е резервиран за оние кои се најспремни да експериментираат, исто како и трендот кој бара големо враќање на виолетовата коса.
Оние кои сакаат да играат на безбедно, секогаш можат да изберат, варијација од русата во која се испреплетуваат топли и ладни тонови, исто како кај Elsa Hosk.