Убавина

Боја на фуксија: Омилена розова боја за топлата сезона

Бојата на фуксијата е идеална за сончеви денови и не може да останете незабележани со неа.

Како што ни се доближува летото, така се попопуларна станува бојата на фуксија, омилена розова нијанса за топлата сезона.

Таа е подеднакво голем хит и во модниот и во beauty светот, а кај шминката е дефинитивно фаворит на усните.

Таа е одличен избор за оние кои се уморни од црвените и nude кармини, вистински класици во козметичкaта торба, и за оние кои сакаат да носат нешто посмело, откачено и на некој начин полетно.

Ако бојата на фуксија можеби и не е вашиот “cup of tea” или не може да се вклопи во целокупниот стил, сепак вреди да се проба. Изгледа толку свежо и ефикасно на вашите усни, а едно е сигурно – не можете да останете незабележани со неа!

Поради оваа причина, многумина бојата на фуксија едноставно ја избегнуваат, бидејќи е многу впечатлива.

Сепак, нијансата лесно може да се омекне со тапкање на усните за да се добие потранспарентен изглед и да создаде понежен впечаток.

Тоа може да биде одличен избор за секојдневен изглед, но веченото издание дозволува нежен smokey eyes изглед или туш за очи.

Сепак, најдобро допрва следува, бидејќи ваквиот statement кармин е како создаден за летните денови кога ќе „заборавиме“ да тешката шминка, а вистинската убавина се крие во голото лице и нежниот тен, па оваа нијанса целосно доаѓа до израз.

Напиши коментар