Bridal

Bridal Fashon Week: Совршени венчаници за пролетна венчавка

Можеби некој ќе биде изненаден од присуството на друга боја која отстапува од белата, меѓу фустаните, но токму тоа е она што го диктираат трендовите.

На неодамна одржаниот Bridal Fashion Week беа претставени најновите трендови за свадбената сезона.

Ревиите се одржаа во Мадрид, а на пистата можеше да се видат различни модели, но исто така и бои на фустани.

Многумина беа изненадени од црната боја меѓу фустаните, но токму овој тренд е оној за кој модерните невести се одлучуваат.

Сепак, има многу повеќе модели за традиционалните невести кои сакаат да се венчаат во бело.

Исто така, покрај класичните модели на венчаници, за похрабрите, претставени беа и комбинезони, фустани со висок шлиц, но и шорцеви.

Во нашата галерија погледнете го најубавиот избор на фустани.

Напиши коментар