Bridal

Британска блогерска венчавка за која се зборуваше овој викенд Liv Purvis & Joe Galvin

Уште една британска блогерка која го кажа судбинското „да“ овој викенд, а на прославата на венчавката го собра речиси целиот лондонски блогерски крем.

Liv Purvis, можеби ќе ви биде подобро позната под името What Olivia Did и Joe Galvin, фотограф и нејзин животен и деловен партнер, впловиле во брачните води во лондонскиот Greenwich.

Судејќи според фотографиите од церемонијата, тие апсолутно уживаа во сè.

Ако ја следите Лиз на Instagram или на блогот, ќе знаете дека од самиот почеток на свадбеното планирање сè беше споделено во објавите, не откривајќи ги, се разбира, најважните детали како локацијата или фустанот.

Но, дефинитивно е корисно да ги прочитате овие совети ако сте насред планирање на вашата свадба.

Убава глетка на паркот Гринич

На крајот, кога локацијата и фустанот беа откриени, гостите останаа воодушевени.

The Queens House е поранешна кралска резиденција која се наоѓа во Гринич Парк и е навистина достојна за совршена свадба.

Рози, широки скалила, мермерни подови … сето тоа служеше како сценографија за паметење за сите фотографии што гостите полека почнаа да ги објавуваат кога се опоравија од добрата забава.

Фустанот на невестата совршено се вклопува во оваа приказна – нетрадиционално розе, изработен од слоеви на тул, со длабоко V-деколте на грбот и градите, истовремено беше драматичен и романтичен.

Белиот костум на младоженецот беше одличен контраст и на целата приказна и додаде еден допир на релаксација.

Напиши коментар