Мојата кујна

Брокула со пиво

Кој вели дека зеленчукот и пивото не одат заедно.

Состојки:

  • 800 гр брокула
  • 2 чаши пченкарно брашно
  • 2 јајца
  • чаша маслиново масло
  • сол по вкус
  • прстофат мелен бибер
  • прстофат црвен пипер
  • чаша пиво

 

Подготовка:

Измијте ја брокулата, исечете ја на цветчиња, ставете ја во врела вода четири до пет минути, а потоа отстранете ја и измијте со ладна вода. Оставете ја да се исцеди од течноста, а во меѓувреме подгответе ја смесата за похување.

Добро измешајте ги јајцата, брашното, пивото и зачините. Натопете ја исцадената брокула во смесата за похување, потоа пржете ја во загреано масло на висока температура додека не се добие златна кора.

Оставете ја да се исцади од вишокот на маснотии на хартиена салфета, а потоа послужете.

Напиши коментар