Мојата кујна

Брускети со мед, рикота и круша

Што велите за едно убаво и вкусно предјадење, или барем закуска.

Состојки:

– 1 француски леб

– 50 гр путер

– 2 чаши сирење рикота

– 2 круши

-1 чаша ореви

– неколку листови измиена рукола

-мед

Премачкајте го лебот со путер и печете го на grill тавче по две минути од двете страни.

Кога ќе се испече, ставете го на страна.

Додадете ја рикотата на брускетите, преку неа ставете тенко исечени круши, ореви и малку мед.

На врвот можете да ставите неколку ливчиња рукола, бидејќи совршено се вклопува со оваа комбинација.

Напиши коментар