Едноставeн, брз и одличен.
Состојки
- 100 гр свежо сирење (крем сирење) (Sahnequark 20% масленост)
- 200 гр маскарпоне сирење
- 100 гр јогурт
- 2 големи лажици мед
- 50 гр ситно сецкано бело чоколадо
- Декорација:
- Овошје по желба
- сецкано чоколадо
Подготовка
Измешајте ги двете сирења со јогуртот и медот, добро промешајте со лажица па додадете го чоколадото.
Поделете ја смесата во 4 помали чаши или 2 поголеми.
Одозгора наредете овошје по желба и декорирајте со сецкано бело чоколадо.