Сакате брзо да зготвите нешто и да се засладите? Ова е вистински рецепт за вас!
Колачот од лимон е лесен и брз за подготовка, a брзо и се јаде.
Овие состојки се доволни за една порција и треба да се користи тепсија со големина 10×10 сантиметри.
Ако сакате поголема порција, едноставно зголемете ја количината на состојки во однос на тоа колку луѓе сакате да послужите и да ги ставите во соодветна тепсија.
Состојки:
Две лажици брашно
Три лажици млеко
Лажичка шеќер
Половина лажичка прашок за пециво
Една четвртина лажичка екстракт од ванила
Лажичка сок од лимон
Едно јајце
Половина лажичка афион (можете да ја изоставите ако не сакате афион)
Путер или масло за подмачкување на тепсијата
Подготовка:
Истурете ги сите суви состојки во сад и добро измешајте. Истурете ги другите состојки во втор сад и добро измешајте. Полека додавајте ги сувите состојки во овој сад и често мешајте.
Подмачкајте ја тепсијата, а потоа истурете ја смесата и печете 15 до 20 минути на 180 степени целзиусови.
Инаку, ако сакате, можете исто така да додадете исецкано овошје или лажица кокосово брашно во оваа смеса.