Омилените колачи на многумина се многу лесни за подготовка.
Кога велиме „чупавци“, веднаш ни се појавува насмевка на лицето, бидејќи тоа е колач што нè потсетува на детството.
На домаќинките кои би сакале да го направат овој брз колач, за пандишпан потребни им се:
– 2 јајца
– 250 гр шеќер
– 2 чаши зејтин
– 2 чаши млеко
– 300 гр брашно –
– 1 прашок за пециво
, а за прелив:
– 2 дл млеко
– 200 гр маргарин
– 250 гр шеќер
– 100 гр чоколадо за готвење
– 100 гр кокосово брашно е потребно за валкање на колачите.
Изматете ги јајцата и додадете шеќер, млеко и зејтин, а потоа полека додадете го брашното помешано со прашок за пециво.
Испечете ја кората во набрашнета тепсија и оставете ја да се олади. Исечете го колачот на коцки и подгответе го преливот.
За преливот, растопете ги сите состојки на ниска температура, а кога ќе зоврие, тргнете го од оган.
Натопете ги коцките во топлиот прелив, а потоа извалкајте ги во кокос.