Мојата кујна

Брзо, лесно и вкусно: Посни стапчиња со семки!

Кога ќе ги направите еднаш, ќе ги направите одново и одново …

Ако сакате семиња, овие стапчиња ќе ве воодушеват.

Состојки:

– 550 грама брашно

– 200 грама семки од сончоглед

– 100 грама сусам

– 50 грама семки од тиква

– 50 грама ленено семе

– два децилитри пиво или вино

– еден децилитар масло

– прашок за пециво

– една лажичка сол

– еден маргарин

Подготовка:

Во сад ставете маргарин и масло и изматете ги.

Потоа додадете ги другите состојки – брашно, семки од сончоглед, сусам, семки од тиква, ленено семе, пиво или вино, прашок за пециво и така натаму и добро измешајте за сите состојки да се соединат.

Дозволете смесата да одстои еден час на собна температура.

Исукајте го тестото и пресечете го на ленти со правоаголна форма, така што ќе бидат широки околу два сантиметри и долги околу седум до осум сантиметри. Печете на 220 степени околу 20 минути.

Пријатно!

Напиши коментар