Состојки:
- шеќер во прав за посипување
- 1/2 л млеко
- 3 јајца
- 1/2 кг свинска маст
- брашно по потреба
- 20 гр. свеж квасец
- 1 лажичка + 4-5 лажици шеќер
- прстофат сол
- 150 гр мелени ореви
Подготовка:
Во 150 ml млеко ставете 20 гр свеж квасец, лажичка шеќер и прстофат сол, а во сад изматете 350 мл млеко и половина килограм свинска маст во садот.
Додадете 3 жолчки и брашно колку што е потребно за да добиете мазно и убаво тесто.
Оставете го тестото да порасне, покриено со крпа, а потоа развлечете го тестото на работна површина и исечете на коцкички.
Во средината ставете фил со лажичка и свиткајте ги краевите на секоја страна, така да изгледаат како рози.
Ставете хартија за печење во тепсија и печете ги розите додека не добијат убава жолта боја.
Фил: 3 белки, 4-5 лажици шеќер и 150 гр мелени ореви да се изматат со миксер.