Art & Crafts

Цел живот грешите: Јапонка откри трик за беспрекорно редење на облеката!

На овој начин, ниту едно парче облека нема да ви заврши на дното на полицата, туку сите парчиња ќе бидат совршено наредени.

Секој од нас има некој свој начин за редење на облеката во плакарот, но сега јапонски експерт откри паметен метод кој ќе ви заштеди дополнителен простор на полиците.

Марија Кондо измислила метод наречен „вертикално редење“, со кој секогаш ќе имате прекрасен поглед врз облеката од птичја перспектива и целата облека ќе биде видлива за окото.

Нејзиниот метод беше демонстриран од страна на стилистот на ITV, Mark Hees, во емисијата “This Morning”.

Методот се применува на џемпери, маици со кратки ракави, панталони, па дури и шалови.

Кутии за чевли

Земете, на пример, маица со кратки ракави. Прво, здиплете ја на класичен начин, а потоа виткајте ја додека целосно не и ја намалите површината.

Мари сугерира да најдете мали кутии (ќе ви користат и кутиите за чевли) што ќе ги ставите во фиоката, а потоа ќе ги сортирате парчињата облека во нив, како што најдобро ќе ви одговара.

На овој начин, ниедно парче облека нема да ви заврши на дното, туку сè ќе биде наредено едно до друго.

Напиши коментар