Најдобар избор за оваа ПРОЛЕТ!
Време е за лесни оброци кои го чистат телото од отрови. Никогаш нема да направите грешка ако сварите супа полна со зеленило и ја јадете во текот на целиот ден.
https://www.instagram.com/p/BvR6MJRjwPL/?utm_source=ig_embed
Нашиот предлог е зелена крем супа која му ја враќа на телото многу потребната енергија и помага да се надмине пролетниот замор.
Потребни се: 300 грама спанаќ, 300 грама брокула, 1 главица кромид, 1 чешне лук, китка магдонос, 1 корен од целер, 1 компир, сол и црн бибер, 2 лажици масло.
Подготовка: Во тенџере, издинстајте го кромидот и целерот, потоа додадете спанаќ и брокула. Додадете вода и варете околу половина час.
Сето тоа изблендирајте го со стапчест блендер, додадете бибер и свеж магдонос.
Ако сакате да го исчистите вашето тело од токсини, јадете супа цел ден и пијте многу вода.
Ако сте во можност пешачите или дозволете си силен тренинг за да се испотите. Потта исфрлува најмногу токсини од телото.